„Дајте музика“ ќе се снима повторно по 20 години

Татјана Гоговска, сценаристот на детската музичка емисија „Дајте музика“ по 23 години се сретна со Трајче, Наташа, Виктор, Раде, Марија, Горан и Мими, децата што глумеа во серијата. Средбата со нив Тања ја опиша како емотивна, со многу насмевки и сеќавања на заедничката работа пред повеќе од две децении. Вели, се договориле заедно да направат нешто ново и интересно, слично на култната детска емисија, оти на денешните деца им треба серија како „Дајте музика“.

„Некое време размислував како и каде да ги најдам моите деца од серијата ‘Дајте музика’. Поминаа 23 години кога го промовиравме второто продолжение, тие веќе пораснаа и си заминаа од Детската радио драма. Јас работев со многу нови клинци, но доживувањата со нив, останаа незаборавени“, пишува Гоговска.

Децата, сега веќе возрасни луѓе со поинаков живот и семејства, се сретнаа со Тања во кафуле во Скопје и ѝ раскажаа за своите животи по серијата. Во деведесеттите години сите тие биле членови на Детската радио драма, а сега никој од нив не се занимава со глума.

„Се појавуваа со насмевка на лицето, многу од нив доцнеа, обврски, млади родители и слично, ама се собравме. Има уште деца и поканата за да ни се придружат е отворена“, вели таа.

Некои од нив и по дваесет години контактираат меѓусебе. Тие повремено се среќаваат и се сеќаваат на дружењето, си раскажуваат анегдоти од снимањето на серијата, за која, како што велат, го одбележала нивниот детски живот.

Целиот текст можете да го прочитате на Културно.мк.

Scroll to Top