Пејачката Елена Ристеска на социјалните мрежи објави фотографија од подарокот кој таа го добила за 8-ми Март. Станува збор за книгата насловена „Мажи“ од Адел Паркс, на која покрај насловот на корицатаа пишува “Дали еден е доволен“, како објаснување за содржината во книгата. Она што на сите им привлече внимание е посветата напишана на книгата.
„Ако сакаш нешто да биде кажано, прашај маж. Ако сакаш да биде направнео, прашај жена!
Кој го движи светот? Девојките!!! Те сакаМ! М“