Данела Арсовска на ифтар во пресрет на Рамазан бајрам

Градоначалничката на Скопје,  Данела Арсовска беше на ифтар на покана од поглаварот на ИВЗ за време на Светиот месец Рамазан. Таа објави и фотографии и се заблагодари за поканата. 
“ Честа ми е што сум заедно со вас, на ифтар. Рамазан е и празник кој не потсетува дека сите ние имаме должност да им помагаме на другите, и да не дозволиме неправда и да ја спречиме. Да го даваме најдоброто од себе за да создаваме заедница во која сите сме еднакви. Наша должност е да си служиме и да си помагаме“, вели Арсовска.
И додава : Да ви посакам  преостанатите денови од постот за време на Светиот месец Рамазан да ги поминете со членовите на вашите семејства, пријателите и со најблиските, во слога и спокојство, со сите ваши соседи и пријатели, во добро здравје и весел дух создавајќи убави дела и добрини“. 
Scroll to Top