Дани е за легализација на марихуаната

Пејачката Дани Димитровска е една од неколкуте личности што јавно ја поддржаа кампањата на „билка“ за легализација на марихуаната.

„Истражувањата покажуваат дека пушењето канабис не го зголемува ризикот на добивање конкретни форми на канцер на гради, глава или врат кај возрасните уживатели на канабис“, вели Дани во видеото направено за потребите на кампањата.

Поддршка за кампањата претходно дадоа и Огнен Јанески, Мими Поп Алексова, Ирена Ристиќ, Марко Новески, Дарко Костовски, Цеце Трајковска, Наталија Теодосиева и Гоце САФ.

Scroll to Top