Вчеравечер пејачката Дани Димитровска го промовира својот најнов албум „Град за љубов“, кој има осум песни. Некои од нив ѝ се познати на публиката, а другите се нови. Повеќето песни се на Весна Малинова, која ѝ е долгогодишен соработник на Дани.
„Град за љубов“ треба да инспирира враќање на другарскиот дух во градот. Вчеравечер во МКЦ видов дека музиката се сака, видов дека македонската музичка култура се издигнува со поддршка и љубов“, рече Дани.
На самата промоција Дани го претстави и видеото за песната „Лево-десно“, која се наоѓа на албумот.
На нејзината промоција присуствуваа голем број пријатели, соработници, колеги, а Дани за сите нив одржа мини концерт.