Даниел Данн на крстарење со Емина Јаховиќ

Поп-пејачот Даниел Данн е во Истанбул каде што се сретна со Емина Јаховиќ. Тој и музичката ѕвезда прво беа на кафе во хотелот Four Seasons, а потоа отидоа и на крстарење по Босфор.

„Во Истанбул сум веќе два дена. Тука сум со пријатели од Нови Пазар кои одамна се познаваат со Емина. Разговавме за сè, најмногу за музиката. Заедно ја испеавме ‘Два авиона’, нејзиниот хит-дует со Жељко Јоксимовиќ. Емина е навистина прекрасна“, рече Данн за „Репортер“.

Даниел пред посетата на Истанбул беше во Измир, каде што пееше на фестивал за етно-музика. Тој настапи во ревијалниот дел и отпеа неколку стари македонски песни, „Јовано Јованке“, „Море сокол пие“ и други.

(А.Ј)

Scroll to Top