Дарија Ризова е најдобрата млада актерка

Македонската актерка Дарија Ризова ја доби наградата „Рејхан Демирџиќ“ за најдобра млада актерка за главната улогата во претставата „Електра“. Претставата е во режија на Андриј Жолдак. Наградите беа доделени во Сараево на 8 октомври на затварањето на 57. издание на МЕСС.

„Актерката имаше многу голема енергија и присутност на сцената и доста долг период беше постојано присутна пред публиката. Во еден релативно монохроматски режисерски регистер, токму нејзината улога донесе многу суптилност, боја и нијанси. Поради тоа, наградата за најдобра млада актерка ѝ се доделува на Дарја Ризова“, валат од жири-комисијата.

Во конкуренција за наградите беа веќе докажани продукции од 12 земји.

Scroll to Top