Пејачот Дарио Панковски го поддржа вчерашниот протест на луѓето кои излегоа да го изразат својот револт за загадениот воздух во Скопје.
Пејачот објави фотографија од еден натпис на картон, закачен на дрво, во кој авторот со скопски шмек прикажал дека сечењето на дрва во Скопје и уништувањето на зеленилото, дополнително го зголемува проблемот со воздухот.
„Браво за авторот! Сурово, реално, брутално директно, со скопски шмек. Поддршка за протестот во Скопје за чист воздух“, напишал Дарио на Инстаграм.
Неодамна пејачот ѝ неговата сопруга Бојана ја прославија 30-годишнината од брак. Дарио се пофалил дека ја одвел сопругата на морска храна, ама и дека за јубилејот ја изненадил со букет рози.