Дарио Ивановски е балкански шампион и постави нов рекорд на полумаратон во Битола

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски од Скопје постави нов рекорд на манифестацијата „Трчај, бе“ во Битола и стана новиот балкански шампион.

Патеката долга 21 километар, Ивановски ја истрача за 1 час, 4 минути и 45 секунди.

„Среќен сум што ја одбранив титулата Балкански шампион која претходно ја освоив во Тирана. Се радувам што тоа се случи во Битола, на манифестацијата „Трчај, бе“ на која учествувам од нејзиниот почеток. Патеката е тешка, но на тешки услови се гледаат хероите. Денес истрчав рекорд и го подобрив мојот воедно и државен рекорд кој досега беше 01:06:09, а денес истрачав за 1 час, 4 минути и 45 секунди, и тоа е подобро постигнато време“, изјави Ивановски за МИА.

Scroll to Top