Дарко Чурлинов потпиша за англиски Барнли

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов е нов член на Барнли, откако потпиша четиригодишен договор со англиската екипа.

Чурлинов во англискиот клуб ќе остане до 2026 година, а таму се сели од германската Бундеслига.

Финансиските детали од договорот не се објавени, но според англиските медиуми, Барнли ќе му плати на неговиот досегашен клуб Штутгарт обесштетување од пет милиони евра плус дополнителни бонуси.

Според најавите од Англија, 22-годишниот репрезентативен крилен напаѓач уште следната недела најверојатно ќе дебитира во тимот предводен од Винсент Компани.

Scroll to Top