Дарко Димитров на Евросонг со песни за две држави

Композиторот Дарко Димитров втора година по ред е еден од авторите и на македонската и на српската евровизиска песна. Дарко заедно со Роберт Билбилов и Лазар Цветкоски е еден од тројцата композитори што ја направија песната Proud за Тамара Тодевска, а која ќе биде промовирана оваа недела. Тој го направи аранжманот и за песната „Круна“ на Невена Божовиќ, која победи вчера на „Беовизија“ и ќе ја претставува Србија на „Евросонг“ во Израел во мај.

Со ова, Дарко втора година по ред ќе оди на „Евросонг“ со песни за две држави. Лани тој го направи аранжманот за песната „Нова деца“ за Србија, а беше продуцент на песната Lost and found што ја пееја „Ај Кју“.

Според правилата на ЕБУ, Димитров на „Евровизија“ може да оди како дел од авторскиот тим на една од двете држави, Македонија или Србија, по свој избор. Европската радиодифузна унија нема правило што вели дека еден човек не може да учествува во создавањето повеќе песни.

Scroll to Top