Дарко Спејко трчаше за Ана и Теодосија на хуманитарна трка во Куманово

Поранешниот победник во шоуто „Големиот брат“ и моментален советник во општина Куманово, Дарко Петковски -Спејко учествуваше во хуманитарна трка за помош за лекување на двете девојчиња со сериозна здравствена состојба, Теодосија и Ана.

Трката во Куманово која се одржа на булеварот „Октомвриска револуција“ беше во организација на Советот на општината.

Покрај Спејко во трката учествувале и советници од сите политички партии, но и спортисти, деца кои преку оваа трка ќе импомогнат на двете девојчиња на кои им е потребна помш.

Во 2015 година Дарко учествуваше во реалното шоу „Големиот брат“ каде ја освои првата награда. Тој беше во двегодишна врска со струмичката модна блогерка Љупка Митрова, со која раскина во 2019 година. Парот беше познат по секојдневно објавување заеднички слики, интимни, љубовни, секакви.

Спејко има завршено факултет за физичко образование, спорт и здравје, а од вчера е на постдипломските студии за менаџмент на економскиот факултет. Моментално е вработен како професор по физичко воспитување во основно училиште во Куманово и е спортски директор на КК Куманово.

 

 

 

Scroll to Top