Според увидот што го направила сообраќајната полиција од вчерашната сообраќајна несреќа, директорот на МНТ, Драган Спасов – Дац, возел под дејство на алкохол.
Тие потврдуваат дека актерот со патничко возило „бмв“ со скопски регистарски таблички, удрил во пешак, со возило кое додека го управувал бил под дејство на алкохол.
Повредената девојка, која итно била префрлена во болница, каде што ѝ се констатирани полесни повреди, е пратена на домашно лекување.
Според Законот за безбедност на патиштата возачот не смее да управува со возило во сообраќајот на патот, ниту да започне да управува со возило ако е под дејство на алкохол, односно во 2016 година полицијата најави нулта толеранција на алкохол во крвата.