Фејсбук-статусот на Драган Спасов – Дац за тетка му што го сменила полот без пари, вчера беше хит на социјалните мрежи. Неговите следбеници го споделија повеќе од 1000 пати, со коментари дека глумецот најдобро ја опишал ситуацијата во здравството. И откако сите го пренесоа ова што Дац наводно го смислил, на „Твитер“ почна да се споделува оригиналниот статус, на српски, кој го напишал Желе Сатиратирац Јовановиќ, на 16 ноември 2018.
За потсетување, Дац вчера јавно кажа дека е незадоволен што државата ќе дава пари за менување на полот наместо за лекување на болните. „Тетка ми имаше проблеми со кичмата и требаше да се оперира ама операцијата беше прескапа. Затоа реши да си го промени полот бидејќи оваа операција ја покрива фондот. И понатаму ја мачи кичмата, ама сега ја боли кур. Ќути и трпи,“ напиша вчера тој. Но никаде не стави дека статиусот е земен од некого, туку „мудрата “ мисла си ја препиша на себе. „Со туѓи статуси ќе креваш чалами?“, му порачаа твитерџиите на глумецот.