Дац си даде оставка

Директорот на Македонскиот народен театар, Драган Спасов – Дац, поднесе оставка од својата функција по синоќешната несреќа во Кисела Вода.

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, на социјалната мрежа „Фејсбук“ напиша дека неговата оставка е прифатена од институциите.

Дац синоќа имаше сообраќајна несреќа во Кисела Вода, во која удри 21-годишна девојка. Таа веднаш била префрлена во болница, каде што не ѝ биле констатирани посериозни повреди.

Владата денеска на прес-конференција преку портпаролот Миле Бошњаковски соопшти дека иако несреќата допрва детаљно ќе се истражува, сепак, секој што направил тежок прекршок ќе биде разрешен и нема да извршува јавна функција.

 

Scroll to Top