Давид Бабунски ќе стане татко

Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски пред неколку месеци на својот фејсбук-профил напиша дека наскоро ќе стане татко. Тој и неговата девојка Катарина Митровиќ ќе го добијат првото дете. Тој сега објави фотографии на кои се гледа трудничкиот стомак на Катарина, а под нив напиша: „Мојата пролет“.

Давид откри дека тој и Катарина ќе добијат син. На инстаграм-приказната на која е бремената девојка, тој остави коментар „Тој доаѓа…“.

Давид во моментов настапува за екипата „Јокохама“.

Scroll to Top