Давид Темелков сними спот во Русија

Само неколку дена откако во Хрватска го промовираше новиот албум „Дишем за нас“, македонскиот пејач Давид Темелков во Русија сними спот за песната „Чувај ме Боже“. Видеото го снимаше во Санкт Петерсбург, во еден од познатите руски дворци, но и во дворот на палатата додека врне снег.

„Снимаме во прекрасната Русија“, се пофали Давид на „Инстаграм“ и објави неколку фотографии, па најави дека спотот ќе го промовира наскоро.

Новиот албум на Темелков е на хрватски јазик, а го работеше со некои од најпознатите хрватски композитори и текстописци. Давид пред неколку години се натпреваруваше во регионалното музичко шоу „Х-фактор“, а веднаш потоа се пресели во Загреб за да гради кариера.

Scroll to Top