Македонскиот такевондист и олимписки вицепрвак Дејан Георгиевски освои златен медал на Г1 турнирот во Загреб.
Ова е втор медал за Георгиевски за само две недели.
Георгиевски ги победи Италијанецот, Марко Насо во првата борба. Во полуфиналето беше подобар од Патрик Переира Кардосо од Бразил, а во финалето го совлада Брајан Зондероп од Холандија.
Со овој триумф Георгиевски прави голем исчекор кон обезбедување на норма за Олимписките игри во Париз 2024.