ДЕНИС МУРАТ СЕ ВРАЌА НА СЦЕНАТА: За настапите на шмекерот од „Македонски Идол“ се бара билет повеќе!

Медиумите го спојуваа со многу манекенки, често го гледавме во друштво на згодни колешки во опуштено издание и за кратко време, македонскиот идол Денис Мурат сосема го промени својот стил и на јавноста преку бројните фотографии и покажа колку е заљубен во својата поубава половина, прекрасната професорка Стефани Стефановска.

Не можевме, а да не прашаме, кога се запознаа и од каде идејата за заеднички настапи?!

– Поради годишните одмори сосема случајно се сретнавме во Охрид, а подоцна контактот го продолживме и во Скопје. Музичката соработка почна кога сфативме дека нашите енергии одлично се поклопуваат и како такви лесно можеме да ги пренесеме и на публиката која присуствува на нашите настапи. Затоа и досега секој настап ни е успешен, целата енергија ја трошиме на сцената, раскажува Денис Мурат.

Ексклузивно за Репортер, Денис открива дека размислуваат да снимат нов авторски материјал:

– Наскоро планираме да направиме нешто авторско. Песна, или преработка со спот, така опуштено, ќе видиме. Свириме популарна музика, македонски латино преработки, екс-ју, ретро хитови… па во некој таков стил ќе биде сигурно, вели Мурат за Репортер.

Доколку сакате да уживате во одлична свирка со дуо „ДИС“, нивната агенда за следната недела изгледа вака:

19.07.2017 (среда) – Белависта Скопје

20.07.2017 (четврток) – Тренд Плоштад Скопје

22.07.2017 (сабота) – Mr. I Охрид

Како потсетување, пејачот кој својата најголема слава ја доби преку маестралното талент шоу „Македонски Идол“, охриѓанецот Денис Мурат и скопјанката Стефани Стефановска веќе подолго време се во љубовна врска, но предизвикаа големо внимание со нивните свирки како дуо „ДИС“ за кои се бара билет повеќе.

https://www.youtube.com/watch?v=09QTbJTbiUY

Во продолжение се потсетуваме на песната која ја одбележа неговата кариера.

Scroll to Top