Победникот на „Ѕвездите на Гранд“, Ристе Ристески, се вкучи на хуманитарниот проект „Чекориме заедно“. Тој ги посети децата во Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ во Битола.
„На покана од Натали Здравеска присуствував на приредбата со децата од центарот „Кочо Рацин“ во Битола. Низ песна, музика и многу танцување си пренесовме искрена љубов и топлина. Одлична организација и супер атмосфера, очекувам многу наскоро да го повториме истото во некој друг град“, рече Ристе.
Тој се дружеше со дечињата во рамки на ликовна работилница која е во организација на студентите од Факултетот за психологија од Меѓународниот славјански универзитет од Битола. Нивната цел е децата со инвалидитет да се вклучат повеќе во општествените активности, полесно да стекнуваат пријателства со врсниците, активно да се вклучат во заедницата.