Во Париз вчера беше извлечен редоследот по кој ќе пеат земјите-учеснички на годинашниот Јуниор Евросонг. На фестивалот што ќе се одржи на 19 декември (недела), Македонија ќе настапи претпоследна, осумнаесетта.
Фестивалот ќе го отвори Германија, а последна ќе пее претставничката на Полска. На годинашниот Јуниор Евросонг ќе се натпреваруваат 19 земји.
Македонија ќе ја претставуваат децата од „Дајте музика“ со песната Green Forces, на Роберт Билбилов и Робин Зимбаков. Песната за еден месец има преку милион прегледи на Јутјуб, а коментарите од фановите се дека Македонија оваа година треба да победи.