Актерот и шоумен Игор Џамбазов се пошегува со изјавата на бугарскиот водител и политичар Слави Трифунов, во која вели дека ќе испрател двајца Бугари и еден „Северномакедонец“ во вселената.
Тој на својот инстаграм-профил објави серија фотомонтажи од него во астронаутски костим.
„Ги повикувам сите колеги астронаути, утре, во 17 часот, да се чекаме пред вселенската станица во Ќустендил за да го одработиме првиот тренинг…“, напиша тој во објавата.
View this post on Instagram
За потсетување, во 2001 Џамбазов гостуваше во „Шоуто на Слави Трифунов“, кое ќе стане едно од најпопуларните и најозборуваните гостувања некогаш.
Џамбазов е трет Македонец кој гостувал во шоуто на Трифунов, пред него гостуваа Тоше Проески и Каролина Гочева.