Трубачот Џамбо Агушев и бугaрската пејачка Роксана се избрани за крал и кралица на ромската музика. Настанот се одржа на 8 април, во Кремиковци, Бугарија. Изборот е по повод 50-годишнината откако овој датум беше избран за Ден на Ромите.
„Пресреќен сум што ја добив оваа награда, посебно што е прв избор од овој тип“, рече Џамбо за „Репортер“.
Музичарот неодамна ни изјави дека едвај чека да почне со концертите и настапите, бидејќи поради пандемијата долго време не оди на турнеи.