Димитар Андоновски стана татко, за вториот син избра библиско име

Пејачот Димитар Андоновски денеска вторпат стана татко. Тој ја сподели веста на социјалните мрежи и откри дека синот ќе се вика Гаврил.

„Ти благодарам предобар Господи што денес јас и Христина Андоновски по втор пат сме благословени, и од денес ќе му се радуваме на нашиот втор син. Добре дојде сине Гаврил, да ми си здрав, жив и благословен, да се радуваме заедно цел живот“, напиша тој.

За потсетување, Димитар и Христина пред четири години го добија синот Михаил. Лани во авуст тие направија мала забава со кршење на колач-изненадување каде открија дека ќе добијат уште еден син.

(Видео) Димитар Андоновски ќе стане татко по вторпат, Христина бремена со уште еден син

Scroll to Top