Македонската кантавторка и пејачка Дина Јашари ќе настапи на најголемиот регионален музички фестивал „Егзит“.
Таа преку објава на Инстаграм го најави нејзиниот настап на „Фјужн сцената“ на Петроварадинската тврдина во Нови Сад.
„Другари, се гледаме на „Егзит фестивал““, напиша Дина.
View this post on Instagram
Инаку таа изминатиот период имаше настапи и гостувања на фестивали на Балканот, во Словенија и Србија, но и во нашата земја во Крушево и Битола.
Дина минатата година ја доби наградата „Милан Младеновиќ“ која ја доделува истоимената Фондација од Белград која има за цел да поддржи млади артисти од регионот кои творат на својот мајчин јазик. Јашари од вкупно 250 пријавени песни, влезе помеѓу 12 -те финалисти и успеа да победи.