Директорот на ПОЦ дели ружи на улица

Директорот на ПОЦ, Васко Кичевски, заедно со градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, денеска делеа ружи на жените на улица. Кичевски и Богдановиќ ги изненадија девојките и жените по повод Меѓнународниот ден на жената, 8 Март.

„Денешниот ден е убав повод да се изненади секоја жена со симболичен подарок, затоа заедно со мојот тим и градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, во знак на внимание и почит, со црвени рози им го честитавме празникот на сите дами кои случајно минуваа низ центарските улици“, напиша Васко Кичевски на Фејсбук.

Scroll to Top