Дизајнерката Маја Кикириткова прослави 5 години брак

Модната дизајнерка Маја Кикириткова сподели дека прославува 7 години заеднички живот со нејзиниот сопруг, од кои 5 во брак. Тие од бракот ги имаат нивниот син Лазар и ќерката Ева. Со семејни фотографии од нивниот дом, Кикириткова се пофали и дека конечно го доуредиле нивниот заеднички дом.

„Поминаа полни 7 години заедно, опасноста помина, дека нели седмата заедничка година била опасна. Поминаа и 5 на потпишан документ, а со нив и овие двајца што буквално секојдневно ни скокаат на глава. Ама ако, затоа сме тука, да бидеме вака луди и насмеани уште долги години заедно. Се имаме едни со други, имаме дом, а конечно го доуредивме со детали. Ве сакам бескрајно и си ветив секоја ваква јубилејна потпишана година на документ, ќе ја овековечувам со фотографии“, напиша Кикирткова.

Таа пред неколку дена објави фотографии на Инстаграм, кои ги направиле заедно со нејзиниот сопруг Александар, пред да стапат во брак.

„Пред 5 години му реков ајде да се сликаме пред свадбата, знам дека на денот на венчавката ќе немаме воопшто време. Ми рече, знаеш дека не сум по сликањето, ама ќе ти направам ќеиф штом сакаш. Еве денес, 5 години по тоа фотографиите ги покажуваме на Лазар и Ева, а тие се смешкаат, убаво им е, а и мене кога ги гледам и ми се навраќаат спомени. За 3 дена ќе славиме 7 години заеднички живот и 5 потпишан на документ. И да, носам розов фустан во мојата најнеомилена боја. Не знам што ми било во тој момент“, напиша Маја.









 

Scroll to Top