Дуото ДНК одбележува 20 години постоење и јубилејот ќе го прослави со концертна турнеја низ Македонија, а главниот концерт ќе се случи во октомври во арената „Борис Трајковски“.
Тие велат дека овие 20 години за нив значат многу, бидејќи знаат низ што сè поминале за да опстанат сите овие години.
„Најбитно од сè е дека сè уште работиме со ист жар и ентузијазам како на самиот почеток и уште побитно е дека вие, публиката, сте исто толку заслужни за оваа округла бројка, бидејќи без вашата континуирана поддршка ние ќе сме биле одамна завршена приказна, односно само една мала убава епизода во нашите животи.
Ви ја најавуваме нашата турнеја низ Македонија каде ќе се дружиме и пееме и едвај чекаме да ви го соопштиме датумот за финалето кое ќе се одржи во октомври во арената „Борис Трајковски”“, велат од ДНК.