Македонските гимнастичарки Илина (16) и Ева(13) Соколовски освоија злато и бронза на натпреварит по гимнастика во Германија.
Двете сестри кои живеат во Германија, го освоија првото и третото место на турнирот по ритмичка гимнастика во републичките натпревари. Со ова тие во своите витрини донесоа по уште еден пехар.
Успехот е поголем што Илина и Ева со нивните години се натпреваруваат во поголемите класи. Ева, која има 13 се натпреваруваше во класа до 15 годишна возраст, на турнирот во германското гратче Падерборн и по четврти пат го освои првото место.
Илина, која има 16 години на турнирот во Бохум го освои третото место. Токму поради овој голем успех двете се квалифицира во полуфиналето на Германија кое ќе се одржи на 29 и 30 април овој месец во Хепенхајм.
Илина, која веќе има и интернационална кариера се натпреварува во сениорската класа, но за разлики од изминатите години сега конкуренцијата е многу посилна, а тоа и дава мотив повеќе да реди успеси.
„Ми предизвикува задоволство да се натпреварувам во ваква силна конкуренција. Велам силна е конкуренцијата, бидејќи многу гимнастичарки од Украина и Русија поради проблемите во своите држави ги пополнија германските клубови. Веќе неколку години ја следам мојата конкуренција, тоа се гимнастичарки поголеми по возраст од мене. Тие некогаш беа мои идоли, а сега ќе треба да ги мерам моите вештини со нив. Знам дека ова за мене е нешто ново, нешто што бара многу труд, но не се плашам. Знам дека ние доаѓаме од малата Македонија, но сме големи во срцето и успесите‘, открива Илина за Репортер.
Таа вели дека не се плаши од конкуренцијата и е среќна што која ќе ја претставува Македонија на европското првенство во гимнастика.
„Откако одлучив да ги бранам бите на нашата татковина не застанувам. Тренирам по шест пати во неделата, а по четири часа преку викендите, но некогаш се случува и по шест часа. И не ми е тешко ништо, напротив, се правам со голема желба, во најдобро светло да ја претставам Македонија“, вели Илина Соколовска.
Александра Георгиев