Добив внук, а Лора машки го издржа породувањето – Турунџиева стана баба

Пејачката и водителка Сузана Турунџиева стана баба. Нејзината ќерка Лора утрово роди машко дете кое сè уште нема име. Лора се породи со царски рез, а таа и бебето се чувствуваат одлично, ни раскажа Сузана. Турунџиева ни откри дека со Лора на породувањето бил и сопругот Филип, со кого таа се венча минатото лето.

„Дојде на свет нашето чудо, моето прво внуче. Не ни замислував дека толку многу радост ќе разбуди во мене. Му благодарам на животот што толку многу ме сакал и што ми подари здраво право внуче. Посакувам сите да ја доживеат мојата радост. Лора машки се избори со претпородилните болки и беше присебна и смирена до крај. Бебето е исто како татко му, а ние сите шашардисани од среќа“, рече Сузана за „Репортер“.

Ова е прво дете на 19-годишната Лора, која е ќерка на Сузана и поранешниот пливач Александар Маленко.

 

Scroll to Top