Водителката Анастасија (Деа) Богданоска и нејзиниот сопруг Богдан Илиевски, познат и како Бетмен Велит, вторпат ќе станат родители. Таа денеска објави на „Инстаграм“ дека е бремена со машко дете.
„Дениција беше најумното бебе, а сега веќе мало девојче, па затоа желбата ѝ е исполнета. Ќе си добие бато.
Да бидам искрена, на крајот од 2020, кога сето ова со пандемијата беше ново, единствено нешто што си посакав беше да сме живи, здрави, на број или помногубројни. И додека ја прележувавме короната, дознавме дека повторно ќе станеме родители“, напиша таа.
View this post on Instagram
За потсетување, Анастасија се породи со Дениција минатото лето на 25 јули, а точно една година подоцна, парот и официјално стапи во брак кога на свадбена церемонија Анастасија ги воодушеви присутните со уникатен невестински фустан, кој го нарече фустан од соништата.