Докторка од Радовиш е новата ѕвезда во „Никогаш не е доцна“

Во последната емисија на регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“ настапуваше и докторката Олгица Велкова од Радовиш. Таа кажа дека уште на 10 години имала свои настапи, но дека наместо пејачка, станала докторка. Олгица се пријавила во „Никогаш не е доцна“ за да си ја исполни желбата.

Во жирито беше и оперската певица Ана Синицки, која на кандидатка ѝ се обрати на македонски јазик.

„Многу ми е драго што сте во оваа емисија. Ова емисија треба да се вика ‘Ништо не е случајно’. Мојот прадедо, кој беше Русин, е погребан во Радовиш. Многу ми е мило што си со нас“, изјави Ана.

Олгица се претстави со песната „Старе љубави“ од Тереза.

Жирито се воодушеви од нејзината изведба велејќи дека е новата ѕвезда во познатото шоу.

„Се гледа дека овој репертоар е ваш, во срцето го носите. Тоа се слуша и се гледа. Мислам дека гледачите кај малите екрани ќе го почувствуваат тоа. Ви посакувам сè најдобро“, изјави Синицки.

Останатите членови на жирито имаа пофални зборови за македонската докторка која успеа да се покаже и како пејачка. Олгица помина во следниот круг.

Scroll to Top