Македонската фудбалска ѕвезда Дарко Панчев, ќе добие документарен филм за неговата кариера, а премиерата е во Скопје на 24 април.
Документарецот е насловен „Патот на Кобра до ѕвездите“, а во него се говори за фудбалскиот пат на еден од најдобрите фудбалери и центарфори во поранешна Југославија.
На проектот наменет за Златната копачка и Сребрена топка од Македонија работеа и го снимаа и продуцираа Спортклуб телевизија, Спорт Нетворк Продукција од Србија и Спортското радио 90.3 фм.
Промотивното емитување на филмот ќе биде во хотелот „Александар Палас“ пред голем број поканети гости, новинари, спортски работници, екс-фудбалски ѕвезди, соиграчи и ривали на нашата фудбалска икона, Дарко Панчев.
Реализацијата на филмот е под генерално покровителство на Универзитет Скопје.