Достоинствено простување од актерот Мето Јовановски

Денеска, градот Скопје во кој актерот Мето Јовановски, што ненадејно почина во 77 година, го помина најголемиот дел од животот, неговата родна Малешевија и цела Македонија, достојно ќе се простат со најдобриот македонски актер на сите времиња.

Мето Јовановски, со одлука на надлежните градски власти, ќе почива во Алејата на истакнати уметници.

Телото на покојникот од 11 до 11 и 30 часот ќе биде изложено во капела во градските гробишта Бутел. Потоа со поворка неговото тело ќе биде пренесено во црквата „Св. Јован Крстител“, што се наоѓа во непосредна близина на градските гробишта, каде што во 12 часот опело за покој на душата на починатиот ќе одржи поглаварот на Македонската православна црква Неговото Блаженство Господин Господин Стефан, Митрополит Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски.

Од тука со поворка починатиот ќе биде пренесен до неговото вечно почивалиште.

Во вторник, 21 ноември, во 11 часот во матичната куќа на Мето Јовановски, Драмскиот театар, каде тој го помина сиот работен век, ќе се одржи комеморативна седница.

Scroll to Top