Дуке Бојаџиев вечерва со концерт на „Охридско лето “

Познатиот македонски уметник со светско реноме Дуке Бојаџиев вечерва ќе настапи на „Охридско лето”. Концертот ќе се одржи на сцената „Долни Сарај” со почеток во 22 часот, а освен него, како вокал и клавирист ќе настапат Исмаил Лумановски на кларинет, Мартин Ѓаконовски на контрабас, Костас Анастасиадис на тапани, како и Наташа Петровиќ, вокал и нарација.

Дуке Бојаџиев е македонски композитор, пијанист и продуцент кој од 2001 година живее и работи во Њујорк. Тој има дипломирано на Медицинскиот факултет во Скопје, а потоа на музичкиот колеџ „Беркли” во Бостон. Низ неговата интернационална кариера Дуке има работено со добитниците на „Оскар”, Џонатан Деми и Денис Тановиќ, како и со Рајко Грлиќ и Столе Попов.

Неговата музика е користена за светски кампањи на брендови како „Пежо”, „Ланком” и „Лореал”, разни светски компилации како „Буда Бар” и „Маракеш експрес”. Има работено со артисти како Синди Лопер и „Телепоп мјузик”, а има настапувано во светски концертни сали меѓу кои: „Карнеги кол” во Њујорк, „Авалон театар” во Лос Анџелес и на Античкиот театар во Охрид.

Scroll to Top