Дунавка го гушна Горан  Бреговиќ

 

Манекенката и бизнисменка Дунавка Трифуновска е една од ретките која имаше прилика да се слика со легендарниот Горан Бреговиќ кој со „Бијло дугме“ имаа концерт во Охрид. Средбата била  по  концертот на стадионот „Билјанини извори„ кога утредента  тој се одмарал во хотелот каде престојувал, а таму била и Дунавка.

„Многу пристоен човек. Во текот на целиот престој уживаше сам, дури и се чекеираше од мобилниот каде е точно. Немаше обезбедување околу него. Ме праша дали сум била на концертот. Ми одговорив дека „Рушица си била“ ми е омилената песна“, ни открива за средбата Дунавка. Таа вели дека по концертот, Бреговиќ заминал на одмор во Крит.

“Ми откри дека е одушевен од убавините на Македонија. А, се пофали и дека најубавите девојки секогаш му доаѓаат на концертот“, ни откри Дунавка, која ја преставуваше Македонија на „Мис Гранд интернешнел„ неодамна во Азија.  (А.Г.)

Scroll to Top