Дупер и светски познатиот Доменико Талеса на When in Krusevo 2025

Програмата за фестивалот на отворено When in Krusevo 2025 е подготвена, а пријавите се зголемуваат од ден во ден. На 9-тото издание не’ очекуваат планинарски и велосипедски тури, кајак, часови по биатлон, посета на музеи и концерти.

Најзвучни имиња на концертната бина ќе бидат групата Дупер и светски познатиот ди џеј Доменико Талеса. Музичката програма ќе биде збогатена со „Трето Колено“, „Revelation” и ди џеј Бапчу на 8 Август и Естефано и Мемфис Мафија на 9 Август.

When in Krusevo по 9-ти пат ќе се организира од 8 до 10 Август во Крушево, во организација на здружението Аутдор манифест, а покровител на настанот е Националната установа Центар за култура Десет дена Крушевска Република.

Scroll to Top