Македонската актерка Ана Стојановска, која долго време му беше девојка на Влатко Илиевски, раскажа дека се виделе два дена пред тој да почине. Ана, која е ќерка на актерите Силвија и починатиот Ненад Стојановски, раскажа дека смртта на Влатко особено ја погодила затоа што две дена претходно биле заедно, кај него дома.
„Последен пат се видовме два дена пред смртта, бевме кај него дома и игравме карти, брич, со мајка му. Влатче победи и беше многу среќен“, изјави Ана во емисијата на „Бекстејџ“.
Влатко летоска беше најден мртов во својот автомобил. Тој беше во врска со Ана многу одамна, во времето кога тој пееше со „Морал“, а таа се занимаваше со манекенство. Потоа и двајцата се запишаа на глума, а нивната дружба и пријателство продолжи и по завршување на нивната љубовна врска.