Две години затвор за Никола Груевски

Падна првата пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски, кој е осуден на две години затвор за случајот „Тенк“, односно набавката на лускзуниот мерцедес. Ѓоко Поповски од МВР доби 6 години и 6 месеци затворска казна. 
Пресудата ја соопти попладнево судијаката Добрила Кацарска во кривичниот суд во Скопје.

Ова е прва пресуда од предметите на СЈО од 5 активни обвиненија против поранешниот премиер. Нему му се суди и за предметите „Насилство“, „Титаник“, „Траекторија“ и ТНТ.

Во судницата беа присутни четворицата адвокати на Груевски, кој не се појави на изрекувањето на пресудата. Со лисици на рацете беше донесен и Ѓоко Поповски, кој заедно со Груевски е обвинет во случајот „Тенк“, а кому вчера му беше изречена затворска казна од 9 години за случајот „Триста“, што се однесува на незаконска набавка на 300 полициски возила за МВР.

Во предметот „Тенк“ првообвинета е ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на која ѝ се заканува казна затвор од најмалку 5 години за поттикнување во извршување на кривичното дело. Нејзе ќе ѝ се суди во издвоена постапка поради ризичната бременост. Првото рочиште е закажано в понеделник, 28 мај. Судењето за „Тенк“ започна на 30 јануари годинава и траеше приближно 3,5 месеци.

За време на изрекувањето на пресудата за поранешниот премиер Никола Груевски за предметот „Тенк“ на СЈО за набавката на екстралуксузниот „мерцедес“, пред судот се одржа протест.

Полициски кордон го обезбедува кривичниот суд пред кој се собрани поддржувачите на Груевски, меѓу кои се и Ивица Коневски, бате Геле, а меѓу присутните може да се забележи и Александар Пандов. Груевски не е присутен на изрекувањето на пресудата.

Scroll to Top