Две Македонки ќе се натпреваруваат на најголемиот избор за убавина во Европа

На 28 февруари во Бејрут, Либан, ќе се одржи изборот за Мис на Европа 2022. Македонија ќе ја претставуваат Ана Брзанова (22) од Гевгелија и Мија Стерјовска (18) од Скопје, членки на Модното студио „Црнокрак“. Реномираното модно студио ја поседува лиценцата за Македонија за овој најголем европски избор за убавина.

„Се надеваме на убави вести од Бејрут во понеделник вечер“, вели Мики Црнокрак за „Репортер“.

Мики е во Бејрут заедно со девојките. Тој ни откри дека финалистките на овој настан веќе две недели се во Либан и се подготвуваат за големото финале што ќе се одржи следната недела.

Scroll to Top