„Ееееј… станав дедо“: Драган Б. Костиќ доби внук

Македонскиот музички новинар Драган Б.Костиќ, стана дедо. Тој веста ја сподели на социјалните мрежи и објави фотографија со својата ќрека, среќен дека стана дедо.

„Лесно е да се стане татко. Тешко е да се остане татко. Дедовството зависи од татковското. Велат….Каков татко, таков син. А внукот? Не знам. Допрва ќе осознавам. Им благодарам на Елена Костиќ и Вангел Милевски. За внукот Андреј. Ееееј….станав дедо“, напиша во својата објава на Фејсбук.

Лесно е да се стане татко.
Тешко е да се остане татко.
Дедовството зависи од татковското.
Велат….Каков татко, таков…

Posted by Dragan B. Kostic on Monday, May 10, 2021

 

Scroll to Top