Елена Лука во британски „Вог“

Maкедонскиот моден бренд „Елена Лука“ се најде на страниците на електронското издание на модниот магазин „Вог“. Во рубриката во која британското издание на „Вог“ магазинот ја запознава својата публика со профили на дизајнери кои се „вредни за светско внимание“, како што објаснуваат, се најде и брендот „Елена Лука“. Покрај македонскиот, списанието промовира уште девет други модни брендови.

Откако ја презентираше својата колекција посветена на Њујорк и ја промовраше на Менхетен во концептуалната продавница Dreems, Елена Лука сè повеќе го привлекува вниманието и на светските медиуми.

„Со ова исклучително значајно медиумско внимание не само за ‘Елена Лука’ туку и за комплетната домашна модна сцена, се потврдува влијанието на концептот World of Elena Luka, како проект на нашиот бренд чија дестинација се главните светски модни метрополи“, велат од познатата модна куќа.

 

Scroll to Top