Елена Реи двапати на насловна страница на светски моден магазин

Македонскиот топ модел Елена Реи за кратко време два пати се најде на насловната страница на модниот магазин Vulcanize. Таа се појави на насловната на пролетното и на летното издание на познатото списание. Освен ова, Елена стана заштитно лице и на козметичката куќа La Mer.

„Иако сме навикнати да ги гледаме странските топ модели да рекламираат врвни брендови и нивните линии, може да се пофалиме и со нашата Елена која успешно работи во светот и е една од малкуте Македонки што работат со светски брендови“, вели Алек Наумовски од модната агенција „Моделс ИН“.

Елена лани работеше во Токио и Њујорк, а неодамна отпатува во Азија каде што ќе работи до летото.

Scroll to Top