Елена Реи е невеста на Ралф Лорен

Македонскиот модел со интернационална кариера Елена Реи викендов настапи на ревија на „Ралф Лорен“ во Токио. Не ревијата од затворен тип таа го носеше најважниот фустан на ревијата, невестинскиот. Елена пред присутните прошета во три креации од Лорен, а го предводеше и дефилето на крај.

Нашата манекенка останува во Токио до крајот на март.

„Таа во Токио веќе сликаше lookbook за ‘Томи Хилфигер’. Од Токио Елена ќе замине директно во Њујорк и ќе остане таму до средината на јули“, за „Репортер“ изјави Алек Наумовски од „Моделс ИН“, матичната модна агенција на Реј.

(А.Ј)

 

Scroll to Top