Елена Ристеска и славната Ханка Палдум заедно во Истанбул по наградите за најдобар уметник

Елена Ристеска во Истанбул ја доби наградата за ајдобар македонски уметник. Пејачката се појави на церемонијата Best of Rumeli 2021, која се одржува во Турција.

Елена објави фотографија со познатата Ханка Палдум, која беше прогласена за најдобар босански уметник“ и Биг Мама, која ја доби наградата за најдобар албански уметник.

Организаторот на фестивалот вели дека овие награди претставуваат најсилен мост што ја поврзува Анадолија со балканскиот свет.

Свеченоста се одржа во салата „Џамал ​​Решит Реј“ во организација на Здружението на балканската асоцијација „Румелија“, под покровителство на „Медија груп Демирен“. Некои од наградените излегоа на сцената и пееја песни како дел од церемонијата.

Scroll to Top