Поп пејачката Елена Ристеска деновиве на својот Инстаграм профил објави фотографија на која напиша, „Oldie but goldie“, (Постара но и позлатна).
На фотографијата Елена има собрана коса, и нашминкана со црвен кармин, па многу наликува од нејзиниот прв сценски настап кој го имаше во кариерата, во периодот кога настапи за М2 продукција.
Веднаш откако ја објави фотографијата, еден нејзин обожавател искоментира дека пејачката има поглед кој пробива. Другите пак не штедеа пофални зборови и навестија дека изгледа преубаво, како барбика, побожествена.