Пејачката Елена Ристеска потврди дека за Нова година ќе пее на плоштадот „Македонија“ во Скопје и рече македонска музика ќе ечи на нашиот плоштад.
Таа ќе настапи заедно со нејзиниот бенд и со други колеги од македонската естрада и вети дека ќе направат дочек незаборавен дочек на новата година.
„На 31ви декември, ве поканувам на Плоштад Македонија во Скопје, за заедно да ја дочекаме Новата 2023 -та година. Конечно македонска музика ќе ечи на нашиот плоштад. Заедно со мојот бенд и со моите колеги од музичката естрада ќе го направиме дочекот на новата година незаборавен и полн со позитивна енергија и надеж. Ве чекам и ве сакам неизмерно. Ваша Елена“, напиша пејачката.
View this post on Instagram