Елена Велевска: Разводот во нашиот случај беше спас за сите

By

„И да сум закопчана до грло и да сум разголена, за мене пак ќе се зборува. Со кого и да се сликам и со кого и да застанам, пак ќе се зборува. Ама никогаш не е сè така како што изгледа. Мене повеќе  ме плашат оние невините кои молчат, отколку оние за кои мислиш дека знаеш сè“, ова е само дел од муабетот со фолк-пејачката Елена Велевска, која беше гостинка во студиото на „Репортер“.

Зад себе има 25 години кариера, настапи, албуми, песни… и многу поводи за муабет. Свесна дека секогаш ја озборуваат, вели: „Кога еднаш ќе го голтнеш срамот, а мене тоа ми се случи во 2007 година,  треба да знаеш и да се носиш со тоа. Јас почнав со хонорар од 400 денари за денес да кажам дека сум ѕвезда.“


Мајка на три деца, зад себе го има и разводот со сопругот Маријан. До неодамна живееше во Охрид, па си замина во Прилеп: „Само јас знам што поминав овие 12 години во бракот. Мојот сопруг требаше да знае како да го поднесе тоа, оти тој ме запозна како естраден уметник. И да имав 10 деца, пак ќе се разделев, оти за нас разводот беше спас. Чекам уште судски сè да заврши и да се преселам во Скопје“, открива Елена.

За разделбата со сопругот, тешките моменти, за децата и како тие го прифатиле тоа, за поддршката од најстарата ќерка за да се разведе, таа отворено раскажа во разговорот. Но она што ја заинтригира јавноста се и муабетите за кошаркарскиот ас Перо Антиќ, за тоа како се запознале и за фотографијата  што ја објави со него, за пандемијата и дали ѝ требаат тие 14.500 денари од Владата, за озборувањата на естрадата, за разголувањето и реакциите на нејзиниот татко… Гледајте го интервјуто.

Александра Георгиев

Ќе ви се допадне