Елена во новогодишна честитка

Фолк-пејачката Елена Велевска и овој пат се фотографираше во пресрет на Нова година. Облечена во црвен костим, како оној на Дедо Мраз, заедно со двете ќерки и синот, со кои се усогласиле во  облеката, претпразнично испратија новогодишна порака.

„Им посакувам среќна Нова година и убави божиќни празници на сите, и посакувам секој да ја најде среќата и своето место под сонцето“, рече Велевска.

На фотографијата таа и нејзините деца облечени во костумот на Дедо Мраз потсетуваат на новогодишна честитка, коментираат нејзините фанови.

Scroll to Top