Фолк-пејачката Елена Велевска замина во Швајцарија. Таа викендов ќе има настап пред македонската публика. Веднаш потоа се враќа во земјава, а тука ја очекуваат три настапи, во Струмица (5 март), Велес (7 март) и Струга (10 март). Нејзината мини турнеја ќе заврши на 14 март со настап во Белгија, во Брисел.
Елена неодамна најави нова музика, која нејзините фанови ја очекуваат со нетрпение.